немлив | прид.
Што има нем, влага. Немлив ѕид. Немлива визба.
неможен | прид.
Што не е можен, што не е остварлив. Без вода животот е неможен.
неможење | ср.
Немање можност нешто да се направи, да се дејствува.
неморал | м.
Немање морал, морален пад; расипаност, подлост. Шири неморал. Осуден поради неморал.
неморален | прид.
Што не е во согласност со моралните норми, што го нарушува моралот. Неморална постапка. Неморално однесување. Неморален човек.
немош | ж.
немоќ.
немошен | прид.
немоќен.
немошница | ж.
Болест. Го фати некоја немошница.
немој | чест.
За изразување забрана – не прави го тоа. Сакаш да ги скарам? – Немој. Немој, не фаќај. Немојте така! Аман, немојте!
немоќ | ж.
Недостиг, немање на физичка сила; слабост, премаленост. Старечка немоќ.