набабари | св.
Во клетва. Бапка да те набабари.
набабне | св.
Нарасне, набабри од влага, од сок и сл. Земјата е набабната од дождот. Пупките на јоргованот веќе беа набабнале.
набабреност | ж.
Состојба на тоа што набабрило.
набабри | св.
Нарасне, се прошири, се исполни со сок, влага и сл. Набабреа капините и рибизлите. Набабре зрелото грозје. Штиците набабреле.
набавен | прид.
Што набавува, што е задолжен да набавува. Набавна служба. Набавно одделение.
набави | св.
Снабди што е потребно. Набавив доволно храна. Набавил резервни делови за колата.
набавка | ж.
Набавување.
набавта | св.
Натрупа, нагнете, наака.
набавтана | прил.
Без многу размислување, насреќа, потамина. Набавтана погоди.
набавувач | м.
Тој што набавува.