набае | св.

Забае доволно.

набара | св.

Напипа, со пипање најде нешто. Во визбата потамина набара стари чевли.

набаса | св.

Неочекувано сретне, најде нешто. Набасавме на една напуштена колиба. Набасаа на многу војска.

набастиса | св.

Пронајде, открие нешто или некого. Добро да ги скриеш парите да не ти ги набастиса некој. Ме набастисаа на јадење.

набашка | прил.

набања се | св.

Се избања во доволна мера.

набеда | ж.

Неправедно обвинување, клевета. Сите набеди ги отфрлам. Тоа за него беше тешка набеда.

набеди | св.

Неправедно обвини, наклевети. Го набедија дека ги предал.

набедреник | м.

Дел од свештеничка одежда што се носи на бедрото.

набележи | св.

Забележи, внесе сè што треба во бележник, во книшка и сл. Сака да набележи во работната книшка сè што работел.