неоснован | прид.
Што нема основа, што не е заснован врз нешто. Неосновано сомневање. Неоснована претпоставка.
неоспорен | прид.
Што не може да се оспори, на кој не може да му се негира вистинитоста. Неоспоред доказ. Неоспорни тврдења.
неостварлив | прид.
Што не може да се оствари. Неостварлив план. Неостварлива желба.
неостварување | ср.
Отсуство на остварување.
неоти | чест.
За изразување сомнеж во ублажена мера и неверување; кој знае, да не веруваш, не ми се верува. Не ти е умот во тоа што ти го кажува, неоти го слушаш. Неоти беше толку важно, но мораше нешто да се каже. Неоти ова е живот што го живееме ние. Што му се плашите толку, неоти и тој не е како вас. Ова дрвце вакво неоти ќе роди нешто.
неоткажлив | прид.
Што не може, не смее да се откаже, да не се исполни. Неоткажлива заповед. Неоткажлив договор.
неоткриен | прид.
Непознат, непроучен. Неоткриени галаксии. Неоткриена болест.
неотповикан | прид.
Што не е отповикан; Неотповикан пратеник. Неотповикана наредба.
неотповиклив | прид.
Што не може да биде отповикан. Неотповиклива наредба. Неотповиклива забрана.
неотпорен | прид.
Што нема способност да даде отпор, да издржи, да поднесе некое надворешно дејство, притисок и сл. Неотпорен органи Неотпорно растение. Неотпорен на студ. Неотпорен на влага.