неповратен | прид.

Што не се враќа, што се прима без обврска да се врати. Неповратен кредит. Неповратни средства.

неповреден | прид.

Што не е повреден, што нема некоја повреда. При паѓањето останал неповреден.

неповредлив | прид.

Што не смее да биде повреден. Неповредливо право на слободно искажување. Неповредливи граници.

неповторлив | прид.

Што не се повторува, што не може да се повтори; единствен, исклучителен. Неповторлив успех. Неповторливи доживувања. Неповторлива појава.

непогода | ж.

Лошо време, невреме, стихија. Заштита од елементарни непогоди.

непогоден 1 | прид.

Што не е погоден, усогласен по мера, по боја, по квалитет и др. Непогодени чевли. Непогодена кошула. Непогодени завеси.

непогоден 2 | прид.

Незгоден, неудобен, неповолен. Непогоден алат. Непогодна работа. Непогодна цена. Непогодни услови.

непогодица | ж.

Незгода, непријатна состојба, непријатност.

непогрешен | прид.

Што не може да погреши. Во сметањето тој е непогрешен.