непогрешлив | прид.
Што не може да погреши, што никогаш не греши;
неподатлив | прид.
Што не се подава на влијание, на дејствување. Неподатлив на обработка. Неподатлив на промени.
неподвижен | прид.
Што не се движи. Неподвижни делови на мотор.
неподврзан | прид.
За книга – не е подврзана, нема повез. Неподврзан учебник.
неподготвен | прид.
Што не е подготвен, што не се подготвил. Неподготвен напад. Неподготвен ракопис за печатење. Неподготвен за испит.
неподелен | прид.
Што не е поделен; општ, заеднички. Неподелена согласност. Неподелено мислење.
неподмачкан | прид.
Што не е подмачкан. Неподмачкана оска. Неподмачкан мотор.
неподмитлив | прид.
Што не може да биде подмитен, што никако не прима мито. Неподмитлив сведок. Неподмитлив судија.
неподнослив | прид.
Што не може да се поднесе; неиздржлив. Неподнослив напор. Неподнослива болка. Неподносливи услови.
неподобен | прид.
сличен.