непожелен | прид.
Што не е пожелен; несакан. Непожелно присуство. Непожелни последици. Непожелна личност.
непознавање | ср.
Состојба на тој што нема познавање какво што е потребно. Непознавање на фактите. Непознавање од областа на правото.
непознат | прид.
Што не е познат некому или за кој ништо не се знае, што не е откриен, проучен. Непознат посетител. Непознат податок. Непознато потекло. Непозната болест. Непознати светови.
непоколеблив | прид.
Што не може да биде поколебан. Непоколеблив борец. Непоколеблива решеност.
непокор | м.
Непокорност, непокорување.
непокорен | прид.
Што не се покорува, што се бори. Остана верен на непокорниот дух на својот народ.
непокорлив | прид.
непокорство | ср.
неполезен | прид.
Што не е полезен, од кој нема полза; бесполезен, некорисен. Неполезна работа. Неполезни разговори.
неполитички | прид.
Што е надвор од политиката, што нема политички карактер. Неполитичка организација. Неполитички барања.