неполн | прид.

Што не е сосема полн, наполнет. Неполна чаша. Неполна торба.

непоматен | прид.

Што не е со нешто нарушен, спречен, расипан. Непоматена радост. Непоматена среќа. Непоматено задоволство.

непомирлив | прид.

Што не може да се помири. Непомирлив непријател. Непомирливи гледишта. Непомирливи противречности.

непомрачен | прид.

Што не е со нешто засенет, нарушен; Непомрачена среќа.

непоништлив | прид.

Што не може, не смее да се поништи. Непоништлив договор.

непополнет | прид.

Што не е пополнет; празен. Непополнето место. Непополнет образец.

непоправлив | прид.

Што не може да се поправи. Непоправлива грешка.

непопуларен | прид.

Што не е широко познат. Непопуларен пејач.

непопустлив | прид.

Што не попушта, што не е склон на попуштање. Непопустлив соговорник. Непопустлив родител.

непорочен | прид.

Што не е порочен, што нема пороци; високо морален, безгрешен, невин. Непорочна љубов. Непорочна душа. Непорочни чувства.