непосветен | прид.

Што не е посветен во нешто; неупатен, незапознаен. Непосветен во тајните на генетиката.

непослушен | прид.

Што не е послушен, што не го извршува тоа што се бара од него. Непослушно дете. Непослушен син.

непосреден | прид.

Што се остварува, се случува без посредување; директен. Непосредна врска. Непосредно влијание. Непосреден учесник.

непостижен | прид.

Што не може да се постигне. Непостижна цел.

непостоен | прид.

Што не постои; измислен, лажен. Непостоен свет. Непостоен доказ. Непостојна фирма.

непостоење | ср.

Фактот што нешто нема, не постои.

непостојан | прид.

Што не е постојан; променлив. Непостојан карактер. Непостојана температура.

непотврден | прид.

Што не е потврден, недокажан. Непотврден доказ. Непотврдена вистина. Непотврден писател.

непотеглив | прид.

За работен, запрежен добиток и за човек – што не е пргав, што не се труди многу; мрзлив.

непотизам | м.

Злоупотрерба на службената или на политичката и друга моќ за доведување роднини на привлечни и влијателни функции.