нагалено | прил.

Од милост, од голема љубов. Името му е Александар, ама нагалено го викаат Аце.

нагали се | св.

Гали доволно, до задоволување.

наган | м.

Големокалибарски револвер со барабан што се врти

нагаѓа | несв.

нагоди; нагодува.

нагизди | св.

Накити, украси. Ја облекле, ја нагиздиле како невеста.

наглавечки | прил.

Наопаку, испревртено, како избезумен. Прашањето е поставено наглавечки. Од собата истрча наглавечки.

наглави | св.

Доплете стапала на чорапи.

нагладува се | св.

Помине во гладување определено време, долго време.

наглас | прил.

Гласно, да може да се чуе. Погледнаа и се насмеаја наглас. Помисли наглас.

нагласи | св.

Договори, среди нешто, некоја работа. Не грижи се, ќе ја нагласиме таа работа.