нагласка | ж.
Нагласување, истакнување, давање важност, давање предност на нешто. Авторот посебна нагласка стави на проблемот на сиромаштијата. Во песната доминира емоционална нагласка. Главната нагласка е ставена на ветувањето дека мртвите ќе воскреснат.
нагледа | св.
Погледне дали е во ред, се погрижи за некого, за нешто. Нагледај ги децата што прават.
нагледен | прид.
Очевиден, јасен, разбирлив. Нагледна шема. Нагледен пример.
нагледувач | м.
Тој што нагледува.
наглоти | св.
Влезе прав, нечистотија (во очите), нараси. Ветриштата ни ги наглотија очите.
наглув | прид.
Што не слуша добро, што недослушува.
наглувне | св.
Стане наглув.
нагмечи | св.
Притисне, потисне малку. Ногата му ја нагмечил.
нагнете | св.
Нагмечи, настиска, напика, преисполни. Го нагнете кошот со тутун. Го нагнете куферот со сè и сешто. Вагоните беа нагнетени со патници.
нагнива | несв.