наврши 3 | св.

Наполни определен број години, достигне определена возраст во години.

навтаса | св.

Достигне определена возраст за нешто, неопходен развој, зрелост. Децата навтасаа за училиште. Грозјето навтаса. Тестото навтасало.

навтера | св.

Со туркање втера.

навчас | прил.

Веднаш, брзо, за многу кусо време. Навчас ќе биде готово. Снегот навчас се стопи. Навчас ќе почнеме со работа.

навјак | м.

Според народното верување, мртвородено, некрстено дете што доаѓа по душата на болниот.

нагазен | прид.

Што дејствува при нагазување. Нагазна сопирачка. Нагазна мина.

нагазеница | ж.

Болест што се добива, според народното верување, ако се нагази на нагазиште;

нагази | св.

Одејќи, згазне на нешто. Нагазил на стакло. Нагазил во кал. Нагазил змија, и го каснала. Нагазил на мина.

нагазиште | ср.

Место каде што, според народното верување, ако се нагази, може да се добие некоја болест.