непризнат | прид.
непризнателен | прид.
Што не е признателен; неблагодарен.
неприкосновен | прид.
Што е заштитен од туѓи посегања, целосно зачуван, свој; неповредлив, недопирлив. Неприкосновен авторитет. Неприкосновена сопственост. Непрокосновено право.
неприкриен | прид.
Што не е прикриен; отворен, јавен. Неприкриен интерес. Неприкриена симпатија.
неприличен | прид.
Што не е во согласност со доброто однесување; непристоен. Неприлични зборови. Неприлична постапка.
непринуден | прид.
Што се изразува слободно, без некоја принуда; ненаместен, природен. Непринуден разговор. Непринудена шега. Непринудена насмевка.
неприроден | прид.
Што не се случува, не се добива по природен пат; вештачки. Неприродна смрт. Неприродна кожа.
неприспособен | прид.
Што не е приспособен за некакво дејствување или кон средината, кон условите во кои се наоѓа. Неприспособен за теренска работа. Неприспособен кон градскиот начин на живот. Неприспособен кон зимските услови.
непристапен | прид.
До кој нема пристап, до кој не се доаѓа или тешко може да се стигне. Непристапна тврдина. Непристапни планински врвови. Непристапен терен.
непристоен | прид.
Што не се однесува пристојно; бесрамен. Непристојна облека. Непристојни зборови. Непристојно поведение.