непристрастен | прид.
Што не е пристрастен; беспристрастен, справедлив, објективен. Непристрастен набљудувач. Непристрастен судија.
неприфатлив | прид.
Што не може, не смее да се прифати, што мора да биде одбиен. Неприфатлив предлог. Неприфатлив услов.
непријавен | прид.
Што не е пријавен. Непријавени приходи. Непријавен станар.
непријател | м.
Човек што покажува омраза, злоба кон некого или кон нешто. Секој си има пријатели и непријатели. Смртен непријател. Непријател на власта.
непријателски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на непријател и на непријателка. Непријателски однос. Непријателска војска.
непријателство | ср.
Непријателски однос, чувство, дејствување.
непријателствува | несв.
Пројавува непријателство, дејствува непријателски.
непријатен | прид.
Што не е пријатен по некоја своја особина; одбивен, непривлечен. Непријатен мирис. Непријатен вкус. Непријатен изглед.
непркнат | прид.
Што не никнал. Непркнато семе.
непробоен | прид.
Што не може да биде пробиен. Непробојно стакло. Непробоен ѕид.