непроверен | прид.

Што не е проверен; што не е сигурен. Непроверени податоци. Непроверени вести.

непроветрен | прид.

Што не е проветрен; Непроветрена соба.

непровиден | прид.

Што не е провиден; непроѕирен. Непровидно стакло. Непровидна темнина.

непрогледан | прид.

Што уште не почнал да гледа по раѓањето или што повторно не прогледал. Непрогледани мачиња. И по лекувањето остана непрогледан.

непродаден | прид.

Што останал по продажбата, за кој не се нашол купец. Непродадени производи.

непродуктивен | прид.

Што не произведува доволно, што не донесува добивка; неисплатлив, некорисен. Непродуктивно претпријатие. Непродуктивен труд.

непрозрачен | прид.

Што не е прозрачен; непровиден, непроѕирен.

непроизводен | прид.

Што не произведува, што не создава материјални вредности, производи. Непроизводен труд.

непрокопсан | прид.

Што е лошо воспитан, морално нестабилен, порочен.

непрокопсаник | м.

Тој што е непрокопсан.