непроменет 1 | прид.

Што не е променет, изменет, што не претрпел промена. Непроменета состојба.

непроменет 2 | прид.

Што не е променет, преоблечен во нова облека. Отиде в црква непроменет.

непроменлив | прид.

Што не може да се промени, да се измени. Непроменлива положба. Непроменливи граници.

непромислен | прид.

Што не е добро промислен, недоволно обмислен; избрзан. Непромислена постапка. Непромислено решение. Непромислен потег.

непрониклив | прид.

Во кој не може да се проникне, да се навлезе, што не може да се разоткрие. Непрониклива тајна. Непрониклива насмевка.

непрооден 1 | прид.

Што уште не почнал да оди, што уште не може да оди. Непроодено дете.

непрооден 2 | прид.

Низ кој не може да се оди, да се помине. Непроодна шума.

непрописен | прид.

Што не одговара, не е во согласност со прописите. Непрописна брзина. Непрописно растојание.

непропорционален | прид.

Што не е пропорционален; несразмерен. Непропорционална големина.

непропустлив | прид.

Што не пропушта вода, воздух, гас и др. Непропустлив слој. Непропустлив материјал.