неработен 2 | прид.
Време кога не се работи. Неработен ден. Неработно попладне.
неработење | ср.
Состојба кога не се работи колку што треба или воопшто; безделничење. Неработењето ништо не донесува.
неработник | м.
Тој што не сака да работи; мрзло, мрзливец.
неработност | ж.
Состојба кога не се работи доволно, колку што е потребно или воопшто;
неработоспособен | прид.
Што не е способен за работа.
нерадо | прил.
Без желба, без волја. Нерадо се согласи да сведочи.
нерадосен | прид.
Што не е радосен; невесел, тажен. Нерадосна вест.
неразбирање | ср.
Состојба на отсуство на разбирање; несфаќање. Му падна тешко неразбирањето со своите браќа.
неразбирлив | прид.
Што не може да се разбере; несфатлив, нејасен. Неразбирлив јазик. Неразбирлив знак. Неразбирливи причини.
неразблажен | прид.
За течност – што не е разблажен; густ, неразреден. Неразблажена киселина. Неразблажен раствор.