неработник | м.
Тој што не сака да работи; мрзло, мрзливец.
неработност | ж.
Состојба кога не се работи доволно, колку што е потребно или воопшто;
неработоспособен | прид.
Што не е способен за работа.
нерадо | прил.
Без желба, без волја. Нерадо се согласи да сведочи.
нерадосен | прид.
Што не е радосен; невесел, тажен. Нерадосна вест.
неразбирање | ср.
Состојба на отсуство на разбирање; несфаќање. Му падна тешко неразбирањето со своите браќа.
неразбирлив | прид.
Што не може да се разбере; несфатлив, нејасен. Неразбирлив јазик. Неразбирлив знак. Неразбирливи причини.
неразблажен | прид.
За течност – што не е разблажен; густ, неразреден. Неразблажена киселина. Неразблажен раствор.
неразбран | прид.
Што се однесува неразумно, што не покажува разбирање; неразумен, своеглав. Неразбран човек.
неразбуден | прид.
Што не е разбуден, што уште спие.