неразреден | прид.
Што не е разреден; густ, неразблажен. Неразредена боја. Неразредена киселина.
неразумен | прид.
Што не е разумен, што не се води од здрав разум; необмислен. Неразумен човек. Неразумна постапка. Неразумно решение.
неразјаснет | прид.
Што не е разјаснет, објаснет. Неразјаснет случај. Неразјаснети прашања.
нерамен | прид.
Што нема рамна, мазна површина. Нерамен пат. Нерамен под.
нерамнина | ж.
Нерамна земна површина; нерамно место.
нерамномерен | прид.
Што се пројавува во нееднаква мера, нееднакво по некое својство, по некоја особина. Нерамномерен развиток. Нерамномерен од.
нерамноправен | прид.
Што нема еднакви права со другите. Нерамноправен учесник во распределбата на доходот. Нерамноправно малцинство.
нерамност | ж.
нерамнина.
неранимајка | м.
неранимајко | м.
Лош, нечесен, расипан човек.