нерасчистен | прид.
Што не е расчистен, исчистен; нечист, несреден. Нерасчистен двор. Нерасчистена улица.
нерационален | прид.
Што не води сметка во трошењето пари, материјал и др., неекономичен, скап со оглед на потребите; неразумен, необмислен. Нерационална потрошувачка. Нерационален план. Нерационално греење. Нерационално решение. Нерационална постапка.
нерв | м.
Секој од влакнестите органи кои се разгрануваат од главниот и од 'рбетниот мозок кон периферијата на организмот и ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешната средина. Очен нерв.
нервен | прид.
Што е составен од нерви, што се однесува на нерви. Нервен систем. Нервен напад. Нервен слом.
нервира | несв.
Предизвикува кај некого нервна возбуда. Уличната врева почна да го нервира. • се ~ Се возбудува, се наоѓа во состојба на нервна напнатост. Се нервира што ги нема децата да се вратат.
нервоза | ж.
Состојба на нервна раздразливост.
нервозен | прид.
Што лесно се нервира, што има слаби нерви; раздразлив. Нервозен човек.
не'рѓосувачки | прид.
Што не 'рѓосува. Не'рѓосувачки челик.
нереален | прид.
Што нема основа во реалноста, што е надвор од реалноста; невистински. Нереален свет.
нерегуларен | прид.
Што не е регуларен; неправилен, нередовен.