нероден 1 | прид.
Што не раѓа или што раѓа слабо, малку. Неродно дрво. Неродна земја.
нероден 2 | прид.
Што уште не се родил. Подготвуваа пелени за нероденото дете.
нероденко | м.
Само во изразот Петко нероденко.
неротка | ж.
Жена што нема пород од биолошки причини.
неручан | прид.
Што не е ручан, што не ручал. Остана денеска неручан.
несакан | прид.
Што не е сакан; што се случил без да го сака некој тоа. Несакана судбина. Несакани последици.
несамостоен | прид.
Што не е самостоен; потчинет, зависен од друг. Несамостоен производител. Несамостоен труд.
несачка | ж.
несварлив | прид.
Што не се вари, неподложен на варење. Несварлива храна.
несведлив | прид.
Што не може да се сведе, да се упрости, да се редуцира. Сложена несведлива проблематика. Несведлив број.