нераскинлив | прид.

Што не може да биде раскинат, што не може да се раскине. Нераскинлив договор. Нераскинлива врска.

нераскршен | прид.

Што не е раскршен, што е цел. Нераскршен леб.

нерасонет | прид.

Што уште не е расонет; сонлив. Уште нерасонет побара јадење.

нерасположен | прид.

Што не е добро расположен, што е во лошо расположение. Се чувствуваше уморен и нерасположен.

нерасположение | ср.

Отсуство на добро расположение; лошо расположение.

нераспореден | прид.

Што не добил определено место во служба, во војска и др.

нераспределен | прид.

Што не е поделен по некои мерила. Нераспределена храна.

нерастворлив | прид.

Што не се растворува во течност. Нерастворлива материја.

нерастоплив | прид.

Што не се растопува, што не преминува од цврста во течна состојба.