несвесен | прид.

Што е во несвест, што е направен без учество на свеста. Несвесна состојба. Несвесен поглед. Несвесен потег.

несвест | ж.

Во составот: во несвест – состојба на изгубена свест. Паднал во несвест. Кога го видов, беше во несвест.

несвестица | ж.

Состојба на изгубена свест кога човекот не владее со функциите на телото; несвест.

несвојствен | прид.

Што не е својствен за некого или за нешто. Несвојствена постапка за него. Несвојствена појава за овој дел од годината.

несврзан | прид.

Неповрзан, нејасен, бесмислен. Несврзани мисли. Несврзана реченица.

несврзлив | прид.

Што не може да се сврзе, да се поврзе во една целост.

несвршен | прид.

Што не е свршен, завршен. Несвршена работа.

несе | несв.

За кокошка, за птица – дава јајца. Кокошката несе јајца.

несебичен | прид.

Што не е себичен, што не мисли само на својот интерес, што не е егоист. Несебичен пријател. Несебична помош.

несекојдневен | прид.

Што се случува ретко; редок, необичен. Несекојдневен настан.