неснаодлив | прид.

Што не е снаодлив, што потешко се снаоѓа во посложени околности. Неснаодлив војник.

несносен | прид.

Што не може да се поднесе. Несносен живот. Несносни услови. Несносна положба.

неснослив | прид.

Неснослива болка. Неснослива горештина.

несоборлив | прид.

Што не може да се собори, што стои цврсто, што има цврста основа. Несоборлив авион. Несоборливи докази.

несовесен | прид.

Што не е совесен, што не постапува, не се однесува совесно. Несовесен раководител.

несовесник | м.

Тој што е несовесен.

несовладлив | прид.

Што не може да биде совладан. Несовладлива тешкотија. Несовладлив противник.

несовремен | прид.

Што не е современ, што не е со своето време; Несовремено решение.

несовршен | прид.

Што не е совршен, што не е без недостаток. Несовршен инструмент. Несовршен однос.

несовршенство | ср.

Состојба на тоа што не е совршено;