несогласен | прид.
Што не е согласен, што не се согласува, што е против некого или нешто. Само еден беше несогласен со таквото решение.
несогласие | ср.
несогласица | ж.
несогласување_1
несогласување | ср.
Отсуство на согласување, разногласје.
несогледан | прид.
Што не е согледан, што не е виден, уочен; Несогледано значење. Несогледана важност.
несогледлив | прид.
Што не може да се согледа, на кој не му се гледа крајот. Несогледливи последици.
несогорлив | прид.
Што не согорува, што не може да биде согорен од оган. Несогорлива материја.
несолвентен | прид.
Што не може да одговори на паричните побарувања;
несолен | прид.
Што не е солен, што е без сол или што е недоволно солен. Несолено сирење. Несолено јадење.
несомнен | прид.
Што не се доведува под сомневање, во кој не може да се има сомневање; неоспорен, сигурен. Несомнен успех. Несомнена полза. Несомнено влијание.