несоница | ж.

Немање сон, губење можност да се падне во сон, да се заспие; бессоница.

несообразен | прид.

Што не е сообразен, што не е приспособен кон нешто (кон некој пропис, упатство, состојба и др.). Барања несообразени со можностите. Брзина несообразена со условите на патот.

несоодветен | прид.

Што не е соодветен, што не одговара на нешто. Несоодветен наслов на содржината на текстот. Несоодветно решение. Несоодветен збор.

неспан | прид.

Што не е спан, што не се наспал; Неспано дете. Неспани очи. Одвај одеше неспан и гладен.

неспиење | ср.

Лишување од сон, состојба на будност.

неспогодба | ж.

Заемно неразбирање, несфаќање; недоразбирање. Неспогодба меѓу родителите и децата.

неспокоен | прид.

Што не е спокоен, што не се одликува со спокојност. Неспокоен човек. Неспокојни мисли. Неспокојна ноќ.