неспокој | м.
неспокојство | ср.
Состојба на душевен немир; вознемиреност. Со напор го криеше своето неспокојство.
неспоредлив | прид.
Што не е споредлив, што не може да се споредува. Неспоредливи големини. Неспоредливи особини.
неспособен | прид.
Што не е способен; некадарен. Неспособен човек.
несправедлив | прид.
Што не е справедлив. Несправедлива пресуда.
несразмер | м.
Отстапување (обично преголемо, неоправдано) во соодносот по некоја мера, по цена, качество итн.; несоодветност, непропорционалност. Трошоци во несразмер со добивката. Плата во несразмер со трудот. Цена во несразмер со квалитетот на производот. Тежина во несразмер со висината.
несразмера | ж.
несразмерен | прид.
Што не е сразмерен. Несразмерна потрошувачка во однос на бројот на населението.
несреден | прид.
Што не е доведен во ред, што не е добро уреден. Несредена соба. Несредени документи. Несреден живот. Несредени односи.
несреќа | ж.
Лош настан, лоша случка, голема, тешка загуба. Сообраќајна несреќа. Авионска несреќа. Алкохолизмот е голема несреќа во семејството.