несреќен | прид.
Што нема среќа, што е без среќа. Несреќен човек.
несреќник | м.
Тој што нема среќа, што постојано го следи несреќа; тој што се нашол во некаква несреќа.
нестасан | прид.
Што не стасал, не стигнал во растење, во зреење, во развој и сл. до определена мера. Нестасан за училиште. Нестасан за војска. Нестасани кајсии.
нестивнат | прид.
Што не е стивнат; Нестивнат оган. Нестивната болка. Нестивната врева.
нестрашлив | прид.
нестрижен | прид.
Што не е стрижен; Одеше по неколку месеци нестрижен и небричен. Нестрижена овца.
нестрплив | прид.
Што не може да се стрпи. Нестрплив човек.
несуден | прид.
Што не станал тоа што сакал, што се сметало дека ќе стане, што не остварил однос каков што се претпоставувало. Несуден избраник. Несудена љубов. Несуден наследник. Несуден доктор.
несуправен | прид.
Што не е суправен; несуреден. Куќата им беше несуправена, растурена.
несуреден | прид.
Што не е суреден; несуправен. Несуредена соба. Несуредена куќа.