несфатлив | прид.

Што не е сфатлив, што не може да се сфати, да се разбере; нејасен, нелогичен. Несфатливо барање. Несфатливо предавање. Несфатлива постапка. Несфатлива причина.

нетактичен | прид.

Што не е тактичен, што нема такт; невнимателен, безобѕирен. Нетактичен потег. Нетактична постапка.

нето | прид.

Тежина на стока без амбалажата.

нетокму | прил.

Не е токму; недоволно; не е колку што треба, како што треба. Што ви е нетокму – Господ ви дал сè.

нетолерантен | прид.

Што не е толерантен; нетрпелив, што не го уважува туѓото мислење. Нетолерантен соговорник. Нетолерантен однос.

нетоп | м.

Сребрен женски накит што се носи на челото.

нетоплив | прид.

Што не е топлив, што не се топи (на оган, во течност).

неточен 1 | прид.

Што не е точен, наточен, што не е наострен; тап. Неточен нож. Неточен молив.

неточен 2 | прид.

Што не е точен, што не одговара на вистината, што не соодветствува на тоа што го претставува. Неточен податок. Неточен превод. Неточна пресметка.

нетраен | прид.

Што не трае долго, што не се одржува подолго време во добра состојба, што брзо се расипува. Нетрајни производи.