нетребен | прид.
Што не е требен, што не е истребен, што не е исчистен од разни примеси; Нетребен ориз. Нетребен тутун.
нетресен | прид.
Што не е тресен, што не е истресен; Нетресен килим. Нетресена јамболлија.
нетрпелив | прид.
Што не е трпелив, што нема, што не покажува трпеливост. Нетрпелив човек. Нетрпелива публика.
нетрпение | ср.
Немање трпение; нетрпеливост. Со нетрпение ја очекуваа поштата.
неубав | прид.
Што не е убав, што не се одликува со убавина. Неубав човек. Неубава куќа. Неубава околина.
неубедлив | прид.
Што не е убедлив; неуверлив. Неубедлив доказ. Неубедливо тврдење.
неуважување | ср.
Отсуство, немање на нужното уважување; непочитување. Неуважување на постарите.
неуверен | прид.
Што не е уверен, убеден во нешто. Неуверени во правилноста на решението.
неуверлив | прид.
Што не е уверлив, што не може да увери; неубедлив. Неуверлив одговор. Неуверлив доказ. Неуверлив бранител.
неугасен | прид.