неугаслив | прид.
Што не може да се угасне; што не може да биде угаснат. Неугаслив пламен.
неугледен | прид.
Што нема, што не ужива углед; неважен, безначаен. Неугледна професија.
неугоден | прид.
Што не е угоден; неудобен, незгоден, непријатен. Неугодна положба. Неугодна тишина.
неудобен | прид.
Што не е удобен; незгоден, непријатен. Неудобно легло. Неудобна положба.
неудомен | прид.
Што не е удомен, што нема основано семејство; Од жал за момчето, останала неудомена.
неудопство | ср.
Немање удопство; неудобност.
неужинат | прид.
Што не ужинал. Се зафати за работа, и ги остави децата неужинати.
неузреан | прид.
Што не е узреан, што уште не узреал. Неузреани праски.
неук | прид.
Што нема никакво образование, што не учел; необразован. Некои од работниците биле неуки.
неукинлив | прид.
Што не може, што не смее да се укине. Неукинлива законска одредба.