неупатен | прид.
Што не е упатен; Неупатен на право место. Неупатен во работата. Неупатен во законот.
неупотребен | прид.
Што не е употребен; нов, неприменет. Неупотребена машина. Неупотребено оружје.
неупотреблив | прид.
Што не може, што не смее да биде употребен. Неупотреблива хартија.
неурамнотежен | прид.
Што не е урамнотежен. Неурамнотежен човек. Неурамнотежена потрошувачка.
неуреден 1 | прид.
Што не е уреден, среден, што не е доведен во ред. Неуредена библиотека. Неуреден двор.
неуреден 2 | прид.
Што не е уреден; Неуреден човек. Неуредна документација. Неуредна пошта. Неуреден превоз.
неусетен | прид.
Што не се усетува, не се забележува. Неусетна промена. Неусетно дејство.
неуслужен | прид.
неуслужлив | прид.
Што не е услужлив. Неуслужлив службеник.
неуспех | м.
Немање успех, лош, неповолен резултат. Поради лошото планирање, и покрај вложените напори, доживеа неуспех.