неупотребен | прид.

Што не е употребен; нов, неприменет. Неупотребена машина. Неупотребено оружје.

неупотреблив | прид.

Што не може, што не смее да биде употребен. Неупотреблива хартија.

неурамнотежен | прид.

Што не е урамнотежен. Неурамнотежен човек. Неурамнотежена потрошувачка.

неуреден 1 | прид.

Што не е уреден, среден, што не е доведен во ред. Неуредена библиотека. Неуреден двор.

неуреден 2 | прид.

Што не е уреден; Неуреден човек. Неуредна документација. Неуредна пошта. Неуреден превоз.

неусетен | прид.

Што не се усетува, не се забележува. Неусетна промена. Неусетно дејство.

неуслужлив | прид.

Што не е услужлив. Неуслужлив службеник.

неуспех | м.

Немање успех, лош, неповолен резултат. Поради лошото планирање, и покрај вложените напори, доживеа неуспех.

неуспешен | прид.

Што не е успешен, што покажал неуспех. Неуспешен трговец. Неуспешен лов.