неустановен | прид.

Што не е установен. Неустановен дневен ред. Неустановено движење. Неустановена вредност.

неутврден | прид.

Што не е утврден; Неутврден план. Неутврдена позиција. Неутврден датум.

неутешен | прид.

Што не може да се утеши, да биде утешен. Неутешна мајка.

неутрален | прид.

Што не се определува за ниедна страна (во спор, во војна и др.). Неутрален набљудувач. Неутрална држава.

неутрализација | ж.

Создавање неутралност.

неутрализира | св. и несв.

Изврши, извршува неутрализација.

неутрон | м.

Елементарна честичка во составот на атомското јадро која нема електричен полнеж.

неучен | прид.

Неук, необразован.

неучество | ср.

Отсуство на учество. Поради неколку неучества на тренинг беше казнет.