нецелосен | прид.
Што не е целосен, што не опфаќа целосно. Нецелосен попис. Нецелосен извештај. Нецелосни резултати. Нецелосна претстава.
нечекан | прид.
нечепнат | прид.
Што не е гибнат, употребен, сосем нов.
нечесен | прид.
Што не е чесен. Нечесен човек. Нечесно богатење.
нечестив | прид.
Како им.: нечестивиот – ѓавол.
нечист | прид.
Што не е чист; валкан, загаден. Нечиста облека. Нечисти раце. Нечист воздух.
нечистота | ж.
Состојба на тоа што не е чисто, отсуство на чистота.
нечистотија | ж.
нечистота.
нечитлив | прид.
Што не е читлив, што не се чита или што тешко се чита. Нечитлив потпис. Нечитлив ракопис.
нечиј | зам.
Што му припаѓа на некое неопределено лице, некому, на некого. Нечиј глас. Нечија куќа. Нечии родители.