нечленуван | прид.

Збор без членска наставка, неопределена форма, на пр.: човек, добар човек, ваков леб итн. Нечленувана именка. Нечленувана придавка. Нечленувана форма.

нечовек | м.

Тој што не е човек во морален однос, што нема добри човечки особини, што е лош, свиреп; злобник, никаквец.

нечовечен | прид.

Што не е човечен; нехуман. Нечовечен однос. Нечовечна постапка.

нечовечки | прид.

нечовечен.

нечовештина | ж.

Особина на тој што е нечовечен, на тоа што е нечовечно; суровост, свирепост, немилосрдност.

нечувствителен | прид.

Што не е чувствителен. Нечувствителен човек. Нечувствителна кожа.

нечуен 1 | прид.

Таков за каков што не се чуло, каков што не се случил. Нечуен терор. Нечуена суровост. Нечуена срамота.

нечуен 2 | прид.

Што не се слуша или што тешко, одвај може да се чуе. Нечуен глас. Нечујни чекори.

нешетан | прид.

Што не е шетан, што не патувал многу, што не видел свет.

нештедење | ср.

Отсуство на штедење, непотребно трошење, растурање, расфрлање пари и др.