ниво | ср.
Хоризонтална површина што ја определува границата на висината на нешто. Под нивото на морето. Нивото на водата на реките е во пораст.
нигде | прил.
Нигер | м.
Држава во Африка.
Нигерија | ж.
Држава во Африка.
ние | зам.
Лична заменка за прво лице множина; го означува множеството лица во кое е вклучено лицето што зборува. Ние се вративме. Ние си ја свршивме работата. Сега ние ќе платиме, а вие другпат.
ниеден | прид.
Означува отсуство, немање на тоа што го означува именката со која доаѓа или на која се однесува. Ниеден човек не дојде. Ниеден не се согласи. Не спомена ниедно име. Ниедно друго решение не е подобро.
ниеднаш | прил.
Ниту еден пат. Ниеднаш не сум ги видел заедно. Ниеднаш не се врати на тоа место. Ниеднаш повеќе не се сретна со него.
ниет | м.
Намера; решеност. Имам ниет да ја завршам оваа работа. Немам ниет да одам на пазар. Бев со ниет да му напишам писмо. Не сум со ниет. Сторил ниет и се оженил.
ниетлија | прид.
Што има намера, што е со намера. Ние сме ниетлии да одиме утре в црква. Не сум ниетлија сега да патувам.
нижач | м.
Тој што ниже. Нижач на тутун.