низеден | прид.

низина | ж.

Ниско рамно место во однос на теренот што го опкружува. Селото се наоѓа во една голема низина.

низински | прид.

Што се однесува на низина

низок | прид.

Што има мала височина, што не израснал високо или не е направен да биде висок. Низок човек. Ниско дрво. Ниска трева. Ниска куќа. Ниска ограда.

никаде | прил.

На ниедно, на никое место; во ниеден правец. Никаде го нема. Никаде нема излез. Никаде тоа не може да се најде. Никаде нема да оди. Никаде нема да летаат.

никаквец | м.

Лош, расипан човек; подлец.

никако | прил.

На никаков, на ниеден начин. Никако не се согласува. Никако не можат да се договорат. Никако не можам да ги стигнам.

никаков | зам. прид.

За засилено или полно негирање, одрекување на тоа што го означува именката со која оди. Нема никаква вина. Никакви пари не си ми дал. За тоа нема никакви вести.

Никарагва | ж.

Држава во Средна Америка.

никел | м.

Хемиски елемент, сребрестобел метал што има широка употреба во техниката; симбол Ni.