никлува | св. и несв.
Покрие, покрива метална површина со слој од никел.
никне 1 | св.
Со природен развој се појави над површината. Тревата брзо никна. Му никнале заби.
никне 2 | несв.
никога | прил.
никогаш | прил.
Во никое време, во никакви околности. Никогаш не се знае што нè чека. Никогаш повеќе нама да се врати. Овде никогаш не сум бил.
никого | зам.
Форма за директен предмет и општа форма од никој1. Не сум сретнал никого. Од нив никого не познавам. За никого не се грижи. Со никого не се дружи. Не бара помош од никого.
Никозија | ж.
Главен град на Кипар.
николку | прил.
Во никакво количество, во никоја мера; ништо. Колку пари ти даде? – Николку.
никому | зам.
Форма за индиректен предмет од никој1. Никому ништо не му даде. Никому не му е жал. Тоа никому не му треба.
никотин | м.
Безбојна маслена материја, силен отров, наркотик кој се содржи во тутунот.