никој 1 | зам.
(само машки род) За лица – ниту едно лице, ниту еден човек, ниту еден од луѓето. Никој не дојде. Никој не ме слуша. Никој не го знае тоа. Никој тука не живее. Не видел никого. Не се сретнал со никого. Не верува никому. Тоа никому не му треба.
никој 2 | зам. прид.
Ниеден, никаков. Во никој закон не го пишува тоа. Во никој случај. Од никоја душа за него молитва нема. Никоја од девојките не остануваше подоцна. Никое од децата не сакаше да се вратиме.
никојпат | прил.
Оваа река никојпат не пресушува.
никулец | м.
Стебленце на растение во самиот почеток на појавувањето од семето или од коренот.
Никшиќ | м.
Град во Црна Гора.
Нил | м.
Река во Африка.
ним | зам.
Долга форма за индиректен предмет од тие, они; оди со кратката форма – ним им. Тој ним и само ним им помага. Овде ним им било местото. Ова ним да им го дадеш.
нимфа | ж.
(мит.) Полубожица, една од повеќето во грчката митологија, кои олицетворувале некоја природна сила; самовила.
нимфоманија | ж.
Полова ненаситност кај жена.
нимфоманка | ж.
Жена што страда од нимфоманија.