нинџа | м.

Маскиран јапонски борец, добро подготвен во боречки вештини при совладувањето на противникот.

нирвана | ж.

Во будистичката религија – смирена, блажена состојба на душата.

Нирнберг | м.

Град во Германија.

ниско | прил.

нискогорица | ж.

Ниска гора, шума. Нискогорицата на ритчето пред селото веќе беше потоната во сенка.

нискоградба | ж.

Градежни работи на ниски објекти, градба на патишта, мостови, тунели итн.

нискост | ж.

Подлост, нечесност, подмолност;

нискостеблест | прид.

Што има ниско, кусо стебло. Нискостеблесто растение. Нискостеблеста шума.