нити | чест.

Не рече нити збор.

нити...нити | сврз.

Нити жени нити деца, никој нема. Нити играат нити пеат.

нитна | ж.

Клинец за спојување на два дела, метални плочи и сл. при што едниот крај се сплескува откога ќе се закове.

нито | чест.

Не даде нито една пара.

нито...нито | сврз.

Нито работат нито си одат.

нитроглицерин | м.

Органско соединение, моќен експлозив и состојка на повеќето форми на динамит, безбојна, маслена, малку токсична течност со сладок вкус.

ниту | чест.

Нема ниту благодарам за сè што сторив за неа. Ниту збор повеќе од неа.

ниту...ниту | сврз.

Ниту пари ниту работа, му остануваа само празни размислувања. Ниту тие дојдоа кај нас, ниту ние отидовме кај нив.

нитува | несв.

Поврзува два дела од нешто со нитни.