нихилизам | м.

Полн скептицизам, гледиште што негира секакви општествени принципи, етички норми и вредности.

нихилист | м.

Приврзаник на нихилизмот.

Ница | ж.

Град во Франција.

ничиј | зам.

Што не припаѓа никому, што не е на никого, што нема сопственик. Ничија земја. Сега оваа куќа е ничија.

ничкоса | св.

Наведне, кутне, насочи надолу. Ја ничкоса главата и почна да плаче. Го фати за појас и го ничкоса во снегот. Ги ничкоса очите од срам. Погледот го ничкоса.

ничкум | прил.

Со лицето кон земјата, не на грб, превртен наопаку. Легна ничкум на кревет. Сликата падна ничкум. Се сврте ничкум.

Ниш | м.

Град во Србија.

ниша 1 | ж.

Помала или поголема вдлабнатина во ѕид за ставање разни предмети, скулптури, вази и др. или дел од мебел, кревет, мијалник и сл.

ниша 2 | несв.

Движи нешто наваму-натаму, на една, на друга страна. Ветрот ги ниша гранките. Слуша и ниша со глава, потврдува.

нишадор | м.

Кристална материја со солено-горчлив вкус, се употребува во медицината и во техниката; амониумов хлорид.