нагорничав | прид.
Што се качува нагоре, стрмен. Нагорничав пат. Нагорничаво место.
нагорниште | ср.
Одвај се искачија по нагорништето.
нагорчи | св.
Покаже малку горчлив вкус. Лебот ми нагорчи.
нагорчи се | св.
Почувствува горчлив вкус. Се нагорчив од цигарата.
нагорчлив | прид.
Што има малку горчлив вкус, што нагорчува. Медот од тутуновиот цвет има темна боја и нагорчлив вкус.
нагости | св.
Добро, богато почести гостин со јадење, пиење. Добро ги пречека и ги нагости. Ме нагостивте како никој досега.
наготви | св.
Зготви многу, различни јадења.
награба | св.
Грабне многу, големо количество. Награбале сè од дома и тргнале да бегаат. • се ~ Граба многу, до наситување.
награда | ж.
Симболично или материјално изразено признание за особени заслуги, успеси, постигања. Нобелова награда. Парична награда. Утешна награда. Добие награда. Додели награда.
награден 1 | прид.
Што се однесува на награда, што донесува награда. Награден конкурс. Наградна игра. Наградно прашање.