награден 2 | прид.
Што добил, што освоил награда. Наградениот расказ ќе го објавиме. Наградените ученици ќе летуваат бесплатно во Охрид.
награди | св.
Додели, даде награда. Најмладиот учесник во натпреварот го наградија со посебна награда.
наградник | м.
Дел од машката облека што се носи на горниот дел од телото, на градите, вид елек.
награмади | св.
Натрупа во грамада. Ги награмади камењето покрај патот.
награни | св.
Пушти гранки, разграни. Дрвјата награнија, се раззеленија.
нагрби | св.
Крене на грб. Го нагрби пакетот книги.
нагрвали (се) | св.
Надојде, се насобере. Децата (се) нагрвалија во дворот на училиштето. Бегалци (се) нагрвалија по селата.
нагрден | прид.
Што станал грд; Нагрдено лице. Нагрдена слика.
нагрди | св.
Направи нешто да стане грдо. Убавото лице болката ѝ го нагрди. Некои нови градби го нагрдија градот.
нагребе | св.
Изгребе, гребне малку.