наголеми | св.

Направи нешто да биде поголемо по размер, по обем, по број и др. Го наголеми растојанието. Ја наголеми сликата. Го наголеми учеството. Ја наголеми брзината.

наголемо | прил.

Се прави важен, во изрази: се крева наголемо, се држи наголемо, живее наголемо и сл.

наголо | прил.

Без облека, без соодветна опрема. Ја нарами раницата наголо. Го јавна коњот наголо.

наголта се | св.

Со голтање внесе во себе големо количество храна, течност и сл. Додека пливаше, се наголта вода.

нагон | м.

Вродена способност, инстинкт, на живите суштества (луѓето и животните) несвесно да вршат определени дејства заради своето одржување и за одржувањето на видот.

нагонски | прид.

Што се однесува на нагон, што е предизвикан од нагон. Нагонска страст. Нагонски пориви.

нагоре | прил.

Насочено во височина, кон горе. Искрите летаа нагоре. Гулабите се устремија нагоре. Погледна нагоре.

нагорен | прид.

Што се качува нагоре, стрмен. Многу нагорни скали. Нагорно место. Нагорни патишта.

нагори | св.

Со горење начне, оштети малку, делумно.

нагорнина | ж.

Нагорно, стрмно место на пат, на рид и др.; Местото е малку нагорнина