новинар | м.

Лице што пишува или што уредува текстови за печатот, радиото, телевизијата; журналист.

новинарски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на новинар и на новинарка. Новинарска професија. Новинарски стил.

новинарство | ср.

Литературно-публицистичка дејност во средствата за масовна комуникација (во дневниот и периодичниот печат, радиото и телевизијата); журналистика.

новинка | ж.

Дем. од новина.

Нови Сад | м.

Главен град на Војводина, Србија.

новитет | ж.

Нешто ново, новост.

новичок | прид.

Дем. од нов 2. Сè уште нов, не сосема нов.

новиште | ср.

Место каде што е првпат нешто насадено или посеано.

Нов Јужен Велс | м.

Сојузна држава во Австралија.

новка | прид.

Нема машки род.