новооснован | прид.

Неодамна, тукушто основан. Новооснован музеј.

новооткриен | прид.

Што е неодамна откриен, пронајден. Новооткриени рудни богатства. Новооткриена некропола.

новопечен | прид.

Што е нов во дејноста со која се занимава, штотуку почнал нешто да работи. Новопечен трговец. Новопечен риболовец.

новопокрстен | прид.

Што е од неодамна покрстен, од неодамна ја примил христијанската вера.

новороден | прид.

Што е роден неодамна. Новородено дете.

новороденче | ср.

Штотуку родено, неодамна родено дете.

новоселец | м.

Тој што неодамна се доселил во некое село.

Новосибирск | м.

Град во Русија.

Новосибирски Острови | и.

Руски острови во Арктичкиот Океан.

новосоздаден | прид.

Што е создаден неодамна. Новосоздадена состојба. Новосоздадени услови.