новост | ж.

Нова вест; новина 2. Новости на денот. Филмски новости.

новота | ж.

Состојба на тоа што е ново.

нога | ж.

Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди. Десна и лева нога. Предни и задни нозе.

ногавица | ж.

Дел од панталони, гаќи и сл. во кој се вовлекува ногата. Панталони со куси ногавици. Тесни ногавици.

ногалка | ж.

Дел на кој стои некој предмет. Ногалка на маса. Ногалка на стол.

ногари | и.

Дрвени или метални држачи на кои нешто се става за обработка или со друга намена. Ногари за сечење дрва. Ногари за дрвен кревет. Ногари за сликање.

ноември | м.

Единаесеттиот месец од календарската година; студен.

нож | м.

Рачно орудие за сечење со сечило и рачка. Кујнски нож. Месарски нож. Калемарски нож.