ножар | м.

Тој што изработува и што продава ножови.

ножарница | ж.

Работилница за ножови.

ножарски | прид.

Што се однесува на нож и на ножар. Ножарска работилница. Ножарски занает.

ножарство | ср.

Дејност на ножарскиот занает.

ноже 1 | ср.

ноже 2 | ср.

Џебно ноже. Ноже за бричење. Склопитно ноже.

ножен | прид.

Што е дел од нога, што се однесува на нога. Ножни прсти. Ножен палец.

ножица | ж.

Дводелно орудие со две сечила и рачки, составени во средината, што служи за сечење ткаенина, хартија и др. Кројачка ножица. Берберска ножица. Ножици за сечење жива ограда